Здравје Развиен „паметен“ инсулин – реагира само кога е потребно и ќе се...

Развиен „паметен“ инсулин – реагира само кога е потребно и ќе се дава еднаш неделно

Експерти од САД, Австралија и Кина објавија дека успешно развиле нов тип на инсулин кој ја имитира природната реакција на телото на промена на нивото на шеќер во крвта и веднаш реагира

Фото: Photo by isens usa on Unsplash

Научниците развија нов тип на „паметен“ инсулин кој реагира и се активира само кога се менува нивото на шеќер, што би можело суштински да влијае на здравјето и квалитетот на животот на милиони луѓе ширум светот, пренесуваат светските медиуми.

Пациентите во моментов мора да инјектираат синтетички инсулин неколку пати во денот, а постојаната флуктуација помеѓу високото и ниското ниво на шеќер во крвта предизвикува и акутни и хронични здравствени проблеми и има големо влијание врз психичката состојба на пациентите.

Научниците велат дека пронашле решение за кое се тврди дека е најблиску до лек за дијабетес тип 1 – „паметен“ инсулин кој чека во телото и се активира само кога е потребно.

Експерти од САД, Австралија и Кина објавија дека успешно развиле нов тип на инсулин кој ја имитира природната реакција на телото на промена на нивото на шеќер во крвта и веднаш реагира.

Редовните дози на инсулин го стабилизираат нивото на шеќер во крвта откако ќе влезат во телото, но не можат да помогнат со идните промени после тоа, што значи дека пациентите мора да го следат нивото на шеќер во крвта и да земаат инсулин неколку пати на ден.

Новиот тип на инсулин GRI (инсулини кои реагираат на гликоза) се активираат само кога одредена количина шеќер се акумулира во крвта со цел да се спречи хипергликемија. Штом шеќерот во крвта падне под одредена точка, инсулинот станува неактивен за да се избегне хипогликемија.

Во иднина пациентите ќе треба да примаат инсулин само еднаш неделно, сметаат експертите.

Шест проекти досега развиваа различни типови на „паметен“ инсулин. Тие вклучуваа тимови од американскиот универзитет Стенфорд, австралискиот универзитет Монаш и кинескиот универзитет Жеџијанг. Нивната заедничка цел е да го забрзаат развојот, за да може што поскоро да се користи новиот инсулин.