Хроника Разбојници се обиделе да ограбат колонијал во Прилеп

Разбојници се обиделе да ограбат колонијал во Прилеп

Вработениот во колонијалот добил исекотина на главата, откако им се спротиставил на разбојниците

Вработен во колонијална продавница во Прилеп бил повреден со нож, од двајца разбојници кои утрово влегле во продавницата и се обиделе да ја ограбат, информираат од полицијата.

Според полициските информации, обидот за грабеж се случил околу 3.30 часот, во колонијалната продавница „Забрането пушење“, на улицата Сотка Ѓорѓиоски. Едниот од двајцата маскирани разбојници му се заканил со нож на вработениот Л.В. (61), барајќи пари, но кога тој му се спротиставил, го исекол со ножот во пределот на лицето.

Веднаш потоа разбојниците, без да одземат ништо, побегнале од колонијалот, а вработениот бил пренесен и задржан во градската општа болница во Прилеп.