Хроника Разбојници ограбиле скопјанец во казино

Разбојници ограбиле скопјанец во казино

Скопјанецот бил нападнат додека играл на апаратите во казиното

Дваесет и тригодишен скопајнец утрово во полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека бил нападнат и ограбен од неколкумина разбојници во казино „Сенатор“, информираат од полицијата.

Станува збор за Р.Ѓ., кој пријавил дека додека играл на апаратите во казиното, му пришле неколку непознати лица и, заканувајќи му се со нож, му го зеле паричникот, во кој имало 700 денари и докумнети.