Хроника Разбојници однеле 75.000 денари од бензинска на „Макпетрол“

Разбојници однеле 75.000 денари од бензинска на „Макпетрол“

Двајца маскирани и вооружени разбојници, утрово околу 2.40 часот, ограбиле бензинска пумпа на „Макпетрол“ на улицата Антон Панов, во скопската населба Ченто, информира полицијата.

Двајцата разбојници, од кои едниот бил вооружен со пиштол, од вработените на бензинската одзеле околу 75.000 денари и веднаш побегнале од местото.

Од полицијата засега немаат осомничени лица за разбојништвото.