Хроника Разбојник ограбил аптека во ТЦ „Буњаковец“, со закана дека ќе ја зарази...

Разбојник ограбил аптека во ТЦ „Буњаковец“, со закана дека ќе ја зарази вработената со сида

Синоќа, околу 18.30 часот, непознат сторител извршил разбојништво во аптеката „Виола“, во трговскиот центар „Буњаковец“, од која однел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии таблети „вијагра“.

Како што информираат од полицијата, кога влегол во аптеката, разбојникот со шприц ѝ се заканил на вработената дека ако не му ги даде парите, ќе ја зарази со сида. Откако ги зел парите, ги побарал и таблетите „вијагра“, по што излегол и се упатил кон Универзална сала.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.