Хроника Разбојнички двоец однел 2.300 евра од скопско казино

Разбојнички двоец однел 2.300 евра од скопско казино

Маскирани и вооружени разбојници, ноќеска околу 1 часот, извршиле разбојништво во казино „Слот“, на улицата 11 Октомври во Скопје, од каде однеле плен од околу 140.000 денари или околу 2.300 евра, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, разбојниците, едниот вооружен со пиштол, другиот со нож, им се заканиле на двајца вработени во казиното, ги собрале парите и побегнале од местото.

Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото.