Економија Растот на БДП изнесува 3,1 отсто во вториот квартал

Растот на БДП изнесува 3,1 отсто во вториот квартал

Домашниот бруто-производ (БДП) во второто тримесечје од 2019 година е зголемен за 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,5 отсто,  земјоделство, шумарство и рибарство од 3,9 и стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 3,6 процент.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално пораснала за 4,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10,2, а увозот за 10,5 отсто.