Свет Европа Сè поголем бројот на жртви во железничката несреќа во Италија

Сè поголем бројот на жртви во железничката несреќа во Италија

Најмалку 20 загинати и 35 повредени е последниот биланс од железничката несреќа во Италија, јавуваат италијанските медиуми, додавајќи дека конечниот број на жртвите ќе биде познат откако возовите ќе бидат целосно раздвоени.

Двата воза, секој од нив со четири вагони, се судрија околу пладне, во делот меѓу градовите Андриа и Корато, на 50 километри од Бари.

Италијанскиот премиер Матео Ренци нареди детална истрага за несреќата за да се утврди која е причината за трагедијата.

Директорот на приватната железничка компанија, „Феротрамвиариа“, во чија сопственост биле возовите, соопшти дека сè уште не е позната причината за несреќата, но додаде дека сосема е јасно оти еден од возовите не требало да биде на тоа место и во тоа време.