Свет Балкан Сè поголем бројот на повредени во експлозијата во Истанбул

Сè поголем бројот на повредени во експлозијата во Истанбул

Шест повредени и еден загинат е последниот биланс од експлозијата во близина на метро-станицата Бајрампаша во Истанбул, јавуваат локалните медиуми.

Засега не е позната причината за експлозијата. Новинската агенција „Доган“ јавува дека станува збор за експлозија на рачно изработена бомба, но полицијата засега не ја потврдува оваа информација. Според други медиуми, најверојатно станува збор за експлозија на трансформатор за електрична енергија.

– Причините за експлозијата не се јасни, ги истражуваме сите можности – рече гувернерот на Истанбул, Васип Шахин.

Запрена е работата на истанбулското метро, а на местото на експлозијата се испратени полициски, противпожарни и амбулантни возила.