Економија Пораст на цената на нафтата

Пораст на цената на нафтата

На светските берзи, денеска е забележан пораст на цената на нафтата откако беше најавено дека вработените во рафинериите во САД ќе го прекинат штрајкот со кој дојде до пад на цената на нафтата.

Американската лесна нафта за испорака во април на електронските тргувања на Њујоршката берза поскапе за 12 центи на 47,18 долари за еден барел, додека цената на северноморскиот „брент“ во Лондон се зголеми за 16 центи на 57,24 долари за еден барел.

Американската нафта вчера поевтини за 1,12 долари, а „брентот“ за 46 центи, откако беше објавено дека нафтените резерви на САД минатата недела достигнале рекордно максимално ниво за овој период од годината.