Дописници Расказот „Т’чка на агонија“ првонаграден на Конкурсот „Живко Чинго“

Расказот „Т’чка на агонија“ првонаграден на Конкурсот „Живко Чинго“

Расказот „Т’чка на агонија“ е прогласен за годинашен добитник на наградата „Живко Чинго“.

Конкурсот, претходно го распиша градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Од пристигнатите 90 ракописи, тричлената комисија, во состав проф. д-р Димитар Пандев – претседател и членовите, Мирко Томовски и Смиле Наумоски, го избрале расказот „Т’чка на агонија“, бидејќи се издвоил од другите со својата беспрекорна композиција и со специфичниот уметнички израз.

Наградата за најдобар расказ изнесува 30.000 денари и ќе биде врачена на 13 овој месец на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ која се одржува во неговото родно Велгошти, кај Охрид.