Забава Раперот Пи Диди уапсен поради напад на тренерот на неговиот син

Раперот Пи Диди уапсен поради напад на тренерот на неговиот син

Американскиот рапер Пи Диди бил уапсен од полицијата во Калифорнија бидејќи со тег го нападнал тренерот на тимот по американски фудбал во кој настапува неговиот син.

Во инцидентот, кој се случил во тренинг-центарот на Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес, за среќа немало посериозно повредени, а Пи Диди, чие вистинско име е Шон Комбс, бил пуштен од затворот откако била платена кауција.

Сепак, тој е обвинет за напад со смртоносно оружје.

Расправата, во која бил употребен тегот како оружје, се случила во канцеларијата на помошникот на тренерот на фудбалскиот тим на УКЛА.

Според медиумите, причина за инцидентот било тоа што помошникот на тренерот му викал на синот на Пи Диди, Џастин Комбс, за време на натпреварот на кој присуствувал и популарниот рапер.