Свет Европа Раомингот во ЕУ останува, но со пониски цени

Раомингот во ЕУ останува, но со пониски цени

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска одлучија да не ја укинат наплатата за роаминг во рамките на ЕУ и донесоа компромисно решение на корисниците на мобилната телефонија да им бидат намалени трошоците за роаминг.

Европскиот парламент минатата година одобри план за укинување на роамингот во унијата до крајот на 2015 година, но Европскиот совет денеска одлучил предлогот да го врати во Парламентот, наведувајќи дека во меѓувреме треба да се воведе нов ценовен механизам со кој трошоците за роаминг би биле намалени.

Сè уште не е прецизирано за колкаво намалување на цените ќе стане збор.

Планот за укинување на роамингот бил одложен најрано за 2018 година.

Цените за роаминг варираат помеѓу различни оператори, а бројните корисници се жалат дека плаќаат високи цени за услугите кога патуваат во рамките на ЕУ.

Сепак, планот за укинување на роамингот наиде на противење од некои земји од унијата, меѓу кои и Хрватска, која поради големиот број туристи што доаѓаат во земјата, би можела да изгуби дел од приходите.