Свет Балкан Рама: Сакаме „голема Европа“, а не „голема Албанија“

Рама: Сакаме „голема Европа“, а не „голема Албанија“

Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за „Б92“ вели дека „голема Албанија“ е мит за кој не се залага ниту еден албански политичар.

– Нашиот проект е „голема Европа“ со Србија и со Албанија. Голема Албанија е застарен мит кој нема никаква врска со нас. Покажете ми барем еден доказ за тоа во мојата кариера или кај кој и да е друг албански политичар, што би докажало залагање за „голема Албанија“ – изјави Рама

Албанскиот премиер, во интервјуто, наведува дека е зачуден од фактот што Србија го смета за провокација ставот дека Косово е независна држава, одделна од Албанија.

– Мене ми е фасцинирачко тоа што вас ова ве провоцира. Тоа не е нешто што јас сум го сонувал, тоа е реалноста. Многу држави со кои Србија соработува, го признаа Косово како независна држава. Би било добро и Србија да ја признае таа реалност. Ова не е за навредување или богохулие, туку реалност – нагласи Рама, додавајќи дека ова е ново поглавје во меѓусебните односи, на кои е потребно да се работи.