Спорт Ракометарите на Металург ќе патуваат во Шпанија

Ракометарите на Металург ќе патуваат во Шпанија

Ракометарите и управата на Металург се договориле тимот во полн состав да патува за Шпанија на дуелот со Ла Риоха во 5. коло од Лигата на шампиони.

По синоќешниот состанок, не било најдено решение, но на средбата помеѓу сопственикот Минчо Јорданов и ракометарите, бил постигнат договор.

Со ракометарите ќе патува и тренерот Лино Червар, зад кого застана Јорданов, според кој, тренерот е еден од најзаслужните за успехот на клубот во изминатите сезони.