Свет Ракети од Сирија паднале во Турција, еден загинат

Ракети од Сирија паднале во Турција, еден загинат

Едно лице загинало, а 13 се повредени во ракетен напад од северот на Сирија на пограничниот турски град Килис, соопштија турските власти.

Една ракета погодила џамија, а друга ракета погодила куќа. Набрзо потоа се слушнала повратна турска артилериска акција во правец на Сирија.

Во тек е пети ден на големата турска офанзива против курдската милиција во енклавата Африн на северот на Сирија.

Турските медиуми лансирањето на ракетите им го препишаа на курдските борци од Единицата за заштита на народите која Турција ја смета за терористичка.