Свет Европа Рахој ќе разговара со Каталонците, но не дава независност

Рахој ќе разговара со Каталонците, но не дава независност

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека се подготвени да соработуваат со идната каталонска влада и да разговараат за поширок спектар на прашања, но само „во законски рамки“.

Партиите што го поддржуваат осамостојувањето на Каталонија соопштиле дека добиле мандат за реализација на планот за независност и ја повикаа централната власт во Мадрид да прифати демократски референдум за ова прашање.

Рахој рече дека е „подготвен да ги сослуша“, но не и да го „занемари законот“.

Уставот на Шпанија не предвидува можност за осамостојување на некои региони.

Партиите што ја поддржуваат независноста на Каталонија освоиле апсолутно мнозинство на неделните регионални избори.