Хроника Рачна бомба експлодирала во скопската населба Маџари

Рачна бомба експлодирала во скопската населба Маџари

Во скопската населба Маџари ноќеска, 15 минути по полноќ, на улицата Анри Барбис, одекнала силна детонација од експлозивна направа. Од експлозијата биле оштетени прозорци од куќата, сопственост на Д.С. (56), и едно патничко моторно возило „хјундаи атос“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т. (21). Во експлозијата нема повредени лица.

Како што информираат од МВР, за настанот бил известен Одделот за антитероризам, кој вршел увид до 3.20 часот. Било утврдено дека станува збор за рачна бомба, но сè уште не е познато од кој вид. Од местото на настанот бил подигнат предметен материјал кој е доставен на вештачење.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување и за документирање на случајот.