Свет Работници два часа висеа на највисоката зграда во САД

Работници два часа висеа на највисоката зграда во САД

Работниците биле заглавени на 400 метри висина

Двајца чистачи на прозорци на новиот Светски трговски центар, речиси два часа виселе откако се скинале сајлите што ја држеле платформата на која стоеле. Во моментот на несреќата, работниците ги чистеле прозорците на 69. кат ,кој е на 400 метри висина на новиот највисок облакодер во САД, кој беше официјално отворен минатата недела во Њујорк, на местото на срушените кули-близначки. Двајцата заглавени работници, Хуан Лизама и Хуан Лопез, се во добра состојба и не претрпеле никакви повреди.
За да ги спасат, пожарникарите исекле дупка во прозорците на новоотворената зграда и ги повлеке внатре двајцата мажи кои виселе хоризонтално. Освен љубопитните случајни минувачи, спасувањето се следело и преку директен пренос на неколку телевизиски канали.