Македонија Работните групи денеска ќе разговараат за Специјалниот јавен обвинител

Работните групи денеска ќе разговараат за Специјалниот јавен обвинител

За денеска тема на средбата на работните групи е изборот на специјален јавен обвинител.

Се очекува на средбата, покрај претставниците на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, да присуствува и олеснувачот Џејмс Хамилтон.

На вчерашната средба, пак, на работните групи се разговараше за Државната изборна комисија и Изборниот законик.

Претставници од СДСМ беа Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваа Артан Груби и Муса Џафери, додека претставник од ДПА беше Имер Алиу.

На средбата присуствуваше и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте.