Македонија Работни групи: Денеска договор околу активната регистрација на гласачи?

Работни групи: Денеска договор околу активната регистрација на гласачи?

Почна новата средба на работните групи за Договорот од Пржино околу прашањата за избирачкиот список, Државната изборна комисија (ДИК) и гласењето на дијаспората.

Покрај стандардните преставници на политичките партии, присутен е и белгискиот експерт Питер ван Хојте.

Според нашите сознанија, денеска се очекува да се постигне поголем напредок околу активната регистрација на гласачите за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во април 2016 година.

До сега е решено прашањето за изборот на членови на ДИК, додека политичките партии се уште се далеку од договор за гласњето на дијаспората.