Македонија Работната подгрупа за помирување денеска ќе го одржи вториот состанок

Работната подгрупа за помирување денеска ќе го одржи вториот состанок

Работната подгрупа за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија денеска во 10 часот ќе го одржи својот втор работен состанок.

Работната подгрупа за помирување има задача да го подготви законското решение за помилувањата и националното помирување, додека останатите две групи формирани во рамките на Координативното тело за помирување, се за интеграција и реформи.

Минатата недела беше најавено дека до петок ќе има законско решение.