Свет Европа Рабин избоден во Стразбур – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Рабин избоден во Стразбур – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Муслиман денеска со нож нападна Евреин во францускиот град Стразбур, јавуваат локалните медиуми, додавајќи дека повредениот не е во животна опасност.

Жртвата наводно била рабин и била избодена од маж кој во моментот на нападот извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем).

Полицијата го фатила напаѓачот, а како што јавуваат француските медиуми, лицето имало историја на психички проблеми.