Свет Европа Путин пристигна во Истанбул на Светскиот енергетски конгрес

Путин пристигна во Истанбул на Светскиот енергетски конгрес

Рускиот претседател Владимир Путин денеска допатува во Истанбул, каде ќе учествува на 23. Светски енергетски конгрес.

Конгресот е отворен вчера, а ќе трае до 13 октомври.

Путин на аеродромот „Ататурк“ беше пречекан од заменик-премиерот на Турција, Нуретин Чанкили, гувернерот на Истанбул, Васип Сахин, и од други турски и руски претставници.

Според агендата, Путин би требало да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Руските претставници претходно соопштија дека спогодбата меѓу Москва и Анката за изградба на гасоводот „Турски тек“ би требало да биде финализирана за време на средбата на двајцата претседатели.

Ердоган и Путин имаа билатерален состанок во Кина, на почетокот од септември, а претходно имаа средба и во Санкт Петербург, која беше прва средба по затегнувањето на односите меѓу двете земји откако турската војска минатата година урна руски авион на територија на Сирија.