Свет Путин: Нови санкции на САД против Русија ќе ги влошат oдносите

Путин: Нови санкции на САД против Русија ќе ги влошат oдносите

Новите санкции на САД против Русија нема да „ја притиснат земјата до ѕид“, ама ќе наштетат на билатералните односи, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Што и да се случи, каква одлука и да донесат преку океанот, тоа нема да нè притисне до ѕид. Сигурно ќе биде наложено да коригираме нешто, да направиме нешто дополнително, на нешто да обрнеме дополнително внимание, но тоа нема да нè турне во ќор-сокак или во некаков колапс – порача рускиот претседател.