Македонија Путин не станал татко, ниту е болен

Путин не станал татко, ниту е болен

Дмитриј Песков, портпаролот на Владимир Путин, ги отфрли денешните гласини дека претседателот добил дете.

– Информацијата дека Путин добил дете е лажна – рече Песков за магазинот „Форбс“, коментирајќи ја веста која ја објави швајцарскиот таблоид „Блик“.

Песков навел дека ќе ги праша луѓето кои имаат пари да организираат натпревар за најдобра „новинарска патка“.

На интернет се појавија разни гласини и шпекулации за причините поради кои Путин во последниве денови го нема во јавноста, почнувајќи од теории дека е болен, па сè дотаму дека е отсутен поради раѓањето на син.