Македонија Путин му рекол на Иванов дека со внимание следи што се случува...

Путин му рекол на Иванов дека со внимание следи што се случува во Македонија

Со особено внимание следиме се што се случува во вашата земја, му соопштил претседателот на Русија, Владимир Путин на македонскиот претседател Ѓорге Иванов при нивната средба денеска во Москва.

– Посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа – рекол претседателот на Руската Федерација.

Путин изразил задоволство дека македонско-руските односи се унапредуваат и дека има позитивно движење во економската размена.

На почетокот на средбата Путин му ја честитал наградата на претседателот Иванов што вчера му ја врачи Патријархот на Руската православна црква Кирил.