Свет Путин: Лицата осомничени од Лондон за „Скрипаљ“ не работеле за војската

Путин: Лицата осомничени од Лондон за „Скрипаљ“ не работеле за војската

Рускиот претседател Владимир Путин денеска порача дека руските безбедносни служби ги идентификувале двете лица кои Велика Британија ги посочи како одговорни за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка. Тој рече дека осомничените се цивили и не работеле за војската, односно за нејзината разузнавачка служба.

– Се надевам дека тие ќе контактираат со медиумите, ќе излезат и ќе раскажат се за себе – изјави Путин во Владивосток, каде учествува на Источниот економски форум.

Британската премиерка Тереза Меј и британското обвинителство ги посочија двајцата Руси, кои тие ги идентификуваа како Александар Петров и Руслан Боширов, како извршители на труењето на Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во март во градот Солсбери близу Лондон.