Свет Европа Путин: Ќе сторам сè убијците на Немцов да бидат казнети

Путин: Ќе сторам сè убијците на Немцов да бидат казнети

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе стори сè за да бидат казнети тие што го организирале и извршиле како, што рече, подлото и цинично убиство на лидерот на опозицијата, Борис Немцов.

Ова било напишано во телеграма што Путин ја испратил до мајката на Немцов, а која беше објавена на официјалната веб-страница на Кремљ.

„Почитувана Дина Јаковлевна, примете го моето најдлабоко сочувство во врска со Вашата ненадоместлива загуба. Искрено ја споделувам со Вас болката што Ве снајде. Ќе биде направено сè организаторите и извршителите на подлото и цинично убиство да ја добијат заслужената казна. Нему му се падна да работи на важни функции во тешкиот транзициски период за нашата земја. Тој секогаш директно и чесно ја искажуваше својата позиција, го бранеше своето гледиште“, стои во телеграмата од Путин.