Свет Балкан Пусиќ: Има Хрвати што се борат во украинската војска

Пусиќ: Има Хрвати што се борат во украинската војска

Хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања, Весна Пусиќ, денеска потврди дека хрватски државјани се борат во Украина, но само во редовите на украинската војска.

– Според моите сознанија, има хрватски војници во Украна, кои се приклучиле на украинската војска. Тоа го следи Сигурносната разузнавачка служба (СРС), а засега нема приклучување кон паравоените единици. Во постојан контакт сме со СРС – рече Пусиќ.

Шефицата на хрватската дипломатија истакна дека Хрватите се борат само на украинската страна и тоа само во редовите на војската, но не можеше да прецизира за колкав број станува збор.

Хрватските медиуми последниве денови пишува дека неколку десетици Хрвати се приклучиле на Азовскиот баталјон, доброволна паравоена формација со седиште во Мариупољ.