Македонија Пукната цевка ги остави граѓаните од „Топлана Исток“ до Порта Влае без...

Пукната цевка ги остави граѓаните од „Топлана Исток“ до Порта Влае без греење

Граѓаните што живеат на потегот од „Топлана Исток“ до Порта Влае се без парно греење од 13.20 часот, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

Повикувајќи се на информација од „Балкан енерџи груп“, причината е голем губиток на вода во мрежата. Од фирмата додаваат и дека во моментот се трага по местото на дефектот.