Хроника Пукано од возило на раскрсница во Ченто

Пукано од возило на раскрсница во Ченто

Непознато лице завчера на раскрсница во скопската населба Ченто, од возило истрелало неколку куршуми, од кои дел завршиле во автомобилот на 24-годишен жител на селото Стајковци.

Според полициските информации, инцидентот се случил во саботата, околу 22 часот, на раскрсницата од улицата Методија Андонов Ченто и улицата Маџари. Во моментот кога Б.И. (24) со своето возило застанал на семафорите од раскрсницата, непознат сторител од друго возило истрелал неколку истрели од огнено оружје, а три проектили завршиле во возилото на момчето од Стајковци.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.