Свет Европа Пукање во Копенхаген – ранети двајца полицајци и еден цивил

Пукање во Копенхаген – ранети двајца полицајци и еден цивил

Двајца полицајци и еден цивил се ранети во пукање во самопрогласената автономна населба Кристанија во Копенхаген, соопшти данската полиција. Уапсен е осомничениот за пукањето.

Вооружено лице пукало на полицајци, при што ранило еден полицаец во нога, а друг во глава. Локалните медиуми јавуваат дека цивилот не е повреден со огнено оружје.

Очевидци велат дека слушнале девет истрели во близина на Фреденс Арка, најголемата зграда во Кристанија.

Властите ги предупредија луѓето да не се приближуваат до местото на инцидентот. Полицијата не дозволува никој да ја напушти населбата.

Данската телевизија „ТВ2“ пренесува дека поставен е полициски кордон на сите патишта кои водат кон населбата.