Македонија ПССЕ: Државите да воведат подобра заштита од масовно прислушување

ПССЕ: Државите да воведат подобра заштита од масовно прислушување

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска го усвои извештајот за заштита на таканаречените „известувачи – предупредувачи“, како продолжение на Резолуцијата за осуда на масовното прислушување усвоена на пролетната сесија во април.

Во извештаите се осудува масовното и нелегално прислушување и се бара државите да воведат подобри мерки на заштита.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна дека „известувањето“ е многу важно за промовирање на доброто владеење, приватноста, слободата на говорот и борбата против корупцијата. Во ПССЕ, вкупно 49 членови потпишале декларација со која се осудуваат заканите од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, до премиерот Никола Груевски.