Македонија Првите цигари од прилепски „Филип Морис“ од идната недела

Првите цигари од прилепски „Филип Морис“ од идната недела

Филип Морис

Една од трите водечки меѓународни марки на „Филип Морис“ излезе од производствените погони во Прилеп.

Цигарите веќе од идната недела ќе можат да се најдат во малопродажба.

Домашното производство почна два месеца откако „Филип Морис – Тутунски комбинат Прилеп“, заедничката фирма на двете компании, стана целосно оперативна.

„Филип Морис“ и прилепскиот комбинат договор за партнерство потпишаа во мај годинава.