Македонија Првиот ден на летото сончев со умерена облачност, на западот попладне невреме

Првиот ден на летото сончев со умерена облачност, на западот попладне невреме

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура се движеше од 14 до 19 Целзиусови степени, а  дневната ќе изнесува од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.
Летото ќе настапи во 12.07 часот. Сонцето изгреа во 4.58 часот, а ќе зајде во 20.12 часот. Денешниот, 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути.

Летото ќе заврши на 22 септември, кога ќе почне есента.