Свет Први кривични тужби за Фукушима

Први кривични тужби за Фукушима

Јапонскиот судски совет одлучи да покрене кривична постапка против тројцата директори на операторот што раководи со нуклеарната електрана Фукушима, „Токио електрик пауер компани“ (ТЕПКО), поради наводни пропусти во врска со катастрофата во централата.

Ова е прва кривична постапка што се покренува поради хаваријата.

Судскиот совет денеска гласал против покренување обвинение за Џинехис Кацумато, кој беше на чело на компанијата ТЕПКО за време на несреќата, и против уште двајца претставници.

Единаесетчлениот совет веќе ја поништи претходната одлука на обвинителството во Токио, кое се откажа од судење за кривична одговорност и кое тројцата претставници ги товари за професионален пропуст.

Трите реактори во нуклеарната електрана Фукушима 1 се оштетени во земјотресот и во цунамито во март 2011 година.
Поради истекнување на радиоактивни материи, загадена е околината и луѓето масовно ги напуштиле своите домови. Се проценува дека за деконтаминација на областа ќе бидат потребни децении.