Дописници Прва жртва на поплавите: Вода однесе седумгодишно дете

Прва жртва на поплавите: Вода однесе седумгодишно дете

Седумгодишно момче од селото Никуштак, денеска се удавило откако го повлекла надојдената вода.

Неофицијално, трагедијата се случила околу 13 часот, кога детето со своето братче одело на училиште. Во моментот кога поминувале низ селскиот дол, наишла надојдената вода од планината и ги повлекла двете деца. Постарото братче успеала да го извлече жена што се нашла во нивна близина, а помалото го однела водата. Тоа подоцна било пронајдено мртво.

Од СВР Куманово го потврдија случајот и најавија повеќе информации во текот на денот.