Свет Балкан Прва оставка во новата хрватска влада

Прва оставка во новата хрватска влада

Министерот без ресор во хрватската влада, Горан Мариќ од Хрватска демократска заедница (ХДЗ), денеска поднесе оставка, јавува „Јутарни лист“.

Причина за оставката, како што навел Мариќ, е што без јасен ресор не сака да биде во владата и побара неговото министерство да се вика Министерство за државен имот, наведува весникот.

По вчерашниот состанок со премиерот Андреј Пленковиќ, кој траел цели два часа, Мариќ одлучил да се врати во Собранието.

Засега нема официјална потврда од хрватската влада за оставката на Мариќ.