Свет Европа Прв случај на вирусот зика во Чешка

Прв случај на вирусот зика во Чешка

Министерството за здравство на Чешка соопшти дека во земјата е регистриран првиот случај на заболен од вирусот зика.

Уште не е јасно каде лицето од Чешка е заразено и дали патувало во земји како што е Бразил, која е најсилно погодена од вирусот што го пренесуваат комарците.

Повеќе детали, како што рекоа, за првиот случај на зика ќе бидат соопштени во текот на денот.

Светската здравствена организација на 1 февруари на меѓународно ниво објави вонредна состојба.

Таа предупреди на „сериозни сомнежи“ за поврзаноста на инфекцијата од вирусот зика со дефектите кај новороденчињата.

Аномалиите кај повеќе илјади деца родени во Бразил се поврзуваат со вирусот зика.