Свет Прв ирански претседател во посета на Европа по 16 години

Прв ирански претседател во посета на Европа по 16 години

Иранскиот претседател Хасан Рохани утре ја почнува посетата на Италија и на Франција. Ова е прва посета од ирански претседател на Европа по 16 години изолација. Официјалната посета е организирана благодарение на спогодбата за надзор на иранската нуклеарна програма, потпишана меѓу Техеран и западните земји.

Претходно, последната посета на Европа ја направи реформаторот Мохамед Хатами во 1999 година, како прв шеф на иранската држава по иранската револуција во 1979 година.

Геополитичките прашања ќе доминираат за време на посетата на Рохани, особено војната во Сирија, како и трговските и верските прашања. За време на посетата на Европа, иранскиот претседател во Ватикан ќе се сретне со папата Франциск.