Македонија Пругата Велес – Битола е проодна, одронот од карпи е расчистен

Пругата Велес – Битола е проодна, одронот од карпи е расчистен

Одронот од карпи меѓу железничките станици Чашка и Богомила целосно е расчистен, а со тоа и пругата Велес – Битола е проодна, соопштија од „Македонски железници“.

Како што информираат од компанијата, биле расчистени повеќе од 3.000 кубни метри камења и вечерва во 20 часот ќе се воспостави железничкиот сообраќај од Велес до Битола.