Македонија Прскање против комарци викендов во Скопје

Прскање против комарци викендов во Скопје

Град Скопје соопшти дека претстојниов викенд ќе почне втората дезинсекција, односно прскање, против комарци на подрачјето на главниот град.

Авионското прскање ќе се одвива в сабота и в недела во раните утрински часови.

Прскањето од земја против комарци ќе почне в недела, а ќе заврши најдоцна в четврток. Ќе се врши во периодот од 23 часот до 4 часот следниот ден.

Доколку временските услови во некој ден оневозможат да се прска, тоа ќе се прави следниот погоден ден, во истите термини.

Од Град Скопје ги советуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.