Свет Балкан Приведени неколку противници на Ердоган

Приведени неколку противници на Ердоган

Турската полиција денеска во рации привела дваесетина лица, вклучувајќи и личности кои спаѓаат меѓу приврзаниците на муслиманскиот свештеник од САД, Фетулах Гулен, противник на претседателот Реџеп Таип Ергоган.

Потезите против „паралелните структури“ во турските органи досега беа фокусирани на осомничени членови од мрежата на Гулен во полицијата, судството, медиумите и во една банка.

Ердоган го обвинува Гулен дека се обидува да го урне од власт, што свештеникот го демантира.

Полициската операција била насочена кон централниот град Кониј, но рации имало и во повеќе од десет провинции. Приведени се 20 луѓе, вклучувајќи и еден поранешен регионален шеф на полицијата.