Македонија Провалник фатен на дело во обложувалница

Провалник фатен на дело во обложувалница

Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата во Тетово и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата

Фото: МВР

Тетовската полиција ноќеска фатила провалник на дело во обложувалница.
Станува збор за С.Н.(32) од Ново Село, општина Желино.

Тој бил фатен при обид да изврши „тешка кражба“ во обложувалницата во Тетово и кај него бил пронајден и одземен предметот со кој ја отворил вратата.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.