Свет Балкан Протестот „Србија против насилството“ заврши мирно и покрај провокациите

Протестот „Србија против насилството“ заврши мирно и покрај провокациите

Oва беше четврт по ред протест на кој и покрај дождот, се собраа голем број луѓе. Следниот протест е закажан за 2 јуни во 19 часот

Фото: Wikimedia commons/Vacant0

Четвртиот по ред протест „Србија против насилството“ во Белград, и покрај тоа што заврши синоќа во 20 часот, голем број луѓе останаа пред зградата на РТС како и пред Собранието, пренесе Н1. Овојпат граѓаните на мирниот протест формираа прстен околу зградата на РТС. На официјалниот крај на протестот, организаторите од бината во Ташмајдан паркот ги повикаа граѓаните да се разотидат и повторно да се соберат идниот петок.

Како што пренесува Н1, пред Собранието имало луѓе кои се обраќале на разглас, а чиј идентитет не бил познат. Дел од лицата од обезбедувањето застанале пред Собранието и не им дозволувале на луѓето да влезат во зградата на Собранието иако, како што тврделе учесниците на протестот, никој немал намера да направи такво нешто.

Oва беше четврт по ред протест на кој и покрај дождот, се собраа голем број луѓе. На собирот можеа да се чујат извици „Уа“ и „Оставка“ додека вториот дневник бил во тек.

Протести „Србија против насилството“ се одржаа на 8 мај, потоа на 12 мај, како и на 19 мај. Нов протест е најавен за на 2 јуни во 19 часот.