Македонија Протестот продолжува пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите се туркаат со полицијата

Протестот продолжува пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите се туркаат со полицијата

Со гласање демонстрантите одлучија протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари, да го продолжат пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот.

Првата опција беше мирно расчистување на протестот на што граѓаните не се согласија, втората протестот да се продолжи пред вилата на претседателот Иванов на Водно, но патот кај основното училиште „Кочо Рацин“ е затворен, а третата опција за која граѓаните најгласно ја прифатија беше  протестот да продолжи пред седиштето на владејачката партијата, затоа што како што рекоа, таму се најголемите виновници за ова што денеска се случува во државата.

Пристапот кон седиштето на ВМРО-ДПМЕ е затворен со неколку реда полицајци, со кои демонстрантите започнаа да се туркаат. По обидот на демонстрантите да пристапат кон седиштето на партијата, пристигна уште еден кордон полицајци. Граѓаните се обидуваат да ги пробијат кордоните, прашувајќи дали седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е државен објект па толку го штитат.