Главна секција Протестна симболика: Балони со сликата на Груевски полетаа кон небото

Протестна симболика: Балони со сликата на Груевски полетаа кон небото

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска со шарени балони ги изненади граѓаните што се собраа на протест пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во 18 часот.

Активистите на „Шарената револуција“ донесоа балони, кои им ги поделија на насобраните демонстранти. На балоните се закачени фотографии од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а една од нив беше запалена.

На протестот има и автомобил во боите на „Шарената револуција“, од кој се слушаат револуционерни песни.

Тема на денешниот протест е корумпираноста на институциите, а граѓаните од СЈО се упатија кон Собранието.

Таму, балоните на кои беа закачени и фотографии со аболираните лица од претседателот Ѓорге Иванов беа пуштени да летнат во воздух.