Македонија Протестите против ЕВН го задушија сообраќајот во Чаир

Протестите против ЕВН го задушија сообраќајот во Чаир

Речиси два часа откако почнаа протестите против ЕВН и МЕПСО на неколку десетици граѓани кај комплексот „Чаирчанка“, во непосредна близина на џамијата „Јаја-паша“, сообраќајот полека се нормализира, откако Пластичарска улица, улицата Џон Кенеди и улиците во населбите Топанско Поле, Скопје Север и Чаир беа задушени од возилата кои беа пренасочувани по нив. Возилата беа пренасочувани на овие улици поради затворањето на  улицата Цветан Димов.

„Тргни-застани“ беше дури и на улицата Втора македонска бригада, помеѓу Чаир и Скопје Север, а по Пластичарска од надвозникот на булеварот Крсте Мисирков до семафорите кај Амбасадата на САД се возеше и повеќе од 40 минути.

Се пренасочуваа и линиите на јавниот автобуски превоз, а состојбата сега се нормализира.