Македонија Протестите ја затворија седницата на Уставниот суд за помилување на изборниот криминал

Протестите ја затворија седницата на Уставниот суд за помилување на изборниот криминал

Седницата на Уставниот суд што треба да се одржи утре и на која судиите треба да расправаат за враќање на правото на претседателот да помилува лица осудени за изборен криминал е затворена за јавноста.

Оваа информација пред малку беше објавена на интернет-страницата на судот, иако според членот 83 од Деловникот на судот, седниците се јавни.

Неофицијално, од извори во Уставниот суд, дознаваме дека одлуката за затворање на седницата не е донесена во консултации со другите судии на т.н. „колегиум“, односно дека таквата одлука е еднострана.

Од Уставниот суд велат дека седницата е затворена за јавноста поради безбедносни причини, затоа што се закажани неколку протести.

На прашањето дали одлуката е донесена еднострано или со согласност од сите судии, не добивме одговор. Судијката задолжена за контакт со новинарите ни рече дека нема информација како е донесена одлука и кој ја донел, а не знаеше да нè упати и каде да прашаме.

Според членот 85, „јавноста во работата на Судот на јавната расправа, седницата и подготвителната седница може да се исклучи ако тоа го бараат интересите на безбедноста и на одбраната на земјата, чувањето на државна, службена или деловна тајна, заштитата на јавниот морал и во други оправдани случаи што ги определува Судот“.